• Горан Упале

Екипата на Работнички ја забележа третата победа на третиот контролен натпревар во рамки од подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
По минималните триумфи над Брера (1-0) и Еуромилк Горно Лисиче (2-1), тимот од Дебар маало денеска се сретна со второлигашкиот ривал Осогово против кого славеше со 2-1. Стрелци на головите за некогашниот македонски шампион беа Мисердовски и Кудијан.
По катастрофалниот лански шампионат и испаѓањето од Првата македонска фудбалска лига, амбициите на Работнички во второлигашкиот шампионат се експресно враќање во елитата. Но, таа задача нималку нема да биде лесна, бидејќи пред себе има сериозни конкуренти со исти амбиции.

