Трет меч и третпат Барса тргнува со негатива: Торес го „стресе“ Тер-Штеген (ВИДЕО)

Шпанскиот првак Барселона и третиот овосезонски натпревар во Примера прв прима гол и повторно е во ситуација да брка негатива. 

Во првиот денешен натпревар од третото коло на шпанскиот шампионат, Каталонците по само пет минути игра капитулираа пред разиграната Осасуна, откако Торес со прекрасен волеј го стресе Тер Штеген и донесе водство за својата екипа од 1-0. 

  • Голот на Торес против Барселона:

На претходните натпревари Барселона имаше негатива и против Атлетик Билбао и Бетис, но само против тимот од Севиља успеа да ја анулира и да извојува победа.