„Трент веќе одлучил, тој е создаден за Реал Мадрид“

Мохамед Салах пред неколку дена изјави дека сè уште нема понуда од клубот за продолжување на договорот и дека ова, барем како што сега стојат работите, му е последна сезона на „Енфилд“. Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд исто така влегоа во последната сезона од своите договори.

Легендарниот Греам Сонес има теорија кога е Трент Александер-Арнолд во прашање и е убеден дека Трент веќе одлучил дека нема да остане во Ливерпул туку следната сезона ќе игра во Реал Мадрид.

„Мислам дека е така, но морам да кажам дека само погодувам, тој е пријател со Белингем и всушност е создаден за Реал Мадрид. Може да заврши таму. Мислам дека тој самиот испраќа пораки до Ливерпул“, рече Сонес.

Трент е дете на Ливерпул, во клубот е од својата шеста година, а за сениорскиот тим дебитираше во 2016 година.