• Горан Упале
Трент Александар-Арнолд успешно ги помина медицинските прегледи и официјално беше претставен како играч на Реал Мадрид. Реал го искористи „вонредниот“ преоден рок што им овозможи на клубовите што учествуваат на Светското клупско првенство да го засилат својот состав во првите десет дена од јуни.
За Ливерпул, ова значеше дека Трент сепак нема да замине како слободен агент, бидејќи неговиот договор важеше до 30 јуни, па Реал плати десет милиони евра за оваа забрзана постапка.
Навивачите на Ливерпул денес беа заинтересирани и за информацијата дека Трент ќе го носи бројот 12 на грбот во Реал, при што повеќето од нив заклучија дека тоа е „збирот од двете шестки што ги носел досега“.
На презентацијата присуствуваа родителите, браќата и девојката на Трент, а на самиот почеток беше прикажана компилација од најдобрите асистенции и голови од кариерата на новиот играч на „кралскиот“ клуб.