Трент на ЕП ќе игра на позицијата која ја доби со Македонија

Фудбалската репрезентација на Англија е прв фаворит на Европското првенство (ЕП) кое овој месец ќе се игра во Германија. Герет Саутгејт е подготвен да ја поведе селекцијата кон титулата која се чека долго време.

Во составот ќе ги нема Мегваер, Грилиш и Медисон, што е изненадување за англиската јавност. Сепак, селекторот има план во средниот ред, таму ќе игра Трент Александер-Арнолд од редовите на Ливерпул.

Некогашниот дефанзивец на „црвените“ на мечот со Македонија за првпат доби нова улога. Играше како плејмејкер - класична „десетка“ - па се снајде одлично. Саутгејт е задоволен како тимот изгледа со Арнолд на таа позиција.

Затоа, играчот на Ливерпул ќе продолжи да игра на таа позиција и на Европското првенство.