„Трениравме како луди“: Габриел Хесус по најубедливата победа на Арсенал во историјата

Секоја победа против Ленс беше доволна за Арсенал да обезбеди пласман во нокаут рундата пред крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, но „топџиите“ ги почестија своите навивачи со најубедливото славје во историјата на најсилното европско клупско натпреварување – 6-0 (5-0).

Францускиот тим му парираше на англискиот гигант само во поседот на топката, додека сè останато беше на страната на домашниот тим. Вицешампионот на Англија удираше со сите „оружја“, а тоа што сите стрелци беа различни, само потврдува колку беше моќен тимот од Лондон.

„Екипата почна многу добро, што е неопходно кога се игра дома и на ваков важен натпревар. Ја завршивме работата и потоа, очигледно, малку паднавме во второто полувреме. Но, тоа е нормално по толку многу трчање во првото полувреме. Дадовме многу голови и одигравме неверојатно“, немаше причина за лажна скромност Габриел Хесус по натпреварот.

Бразилскиот напаѓач, прогласен за играч на натпреварот, оваа среда пред медиумите ја откри тајната на феноменалната офанзивна игра.

„Трениравме како луди. Тој полн „гас“ е она што ја направи разликата. Тоа го внесовме во играта. Понекогаш е тешко, како кога играш на гости, но ова е она што треба да го направиме дома. Не дававме само голови, туку ја контролиравме играта. Успеавме да ги спречивме нивните контранапади“, објаснува Бразилецот.

Габриел Хесус беше еден од стрелците за Арсенал на овој натпревар. Покрај него мрежата на Ленс ја затресоа уште Хаверц, Сака, Мартинели, Одегард и Жоржињо.

Состави

Микел Артета

4-3-3

    William Still

    3-4-3