ВИДЕО: Тренингот на Ливерпул за момент запре, во чест на 40-от роденден на Џерард

На денешен ден, пред 40 години се роди Стивен Џерард, легендата на Ливерпул и еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња. 

Популарниот „Стиви-Џи“ важи за еден од најголемите миленици на фановите од „Енфилд Роуд“, а честитка за 40-от роденден пристигна и од тренинг-центарот на Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп ги построи своите пулени и заедно му го честитаа малиот јубилеј на поранешниот капитен на екипата. 

Легендарниот Џерард по завршувањето на својата играчка кариера веднаш се префрли во менаџерските води и моментално е на чело на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.