Треневски промовиран за старо-нов тренер на Дечиќ

Некогашниот македонски репрезентативец и своевремено предводник на екипата на Работнички, Виктор Треневски и официјално е старо-нов тренер на црногорскиот прволигаш, Дечиќ

За 45-годишниот стратег ова ќе значи враќање во тимот од Тузи по пауза од година и пол, кога поради проблемите со тренерската лиценца, мораше ја напушти екипата во вториот дел од сезоната. 

Треневски во 15-месечната работа со Дечиќ остави голема трага во црногорскиот клупски фудбал, кога во оган фрли неколку младинци, кои сега се лидери на тимот, кој оваа сезона не бележи добри резултати и досега смени два тренери.