• Мартин Танасковски

Францускиот прволигаш Монако и официјално го назначи Филипе Луис за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим.
Четириесетгодишниот Бразилец денеска започнува ново поглавје во својата тренерска кариера, откако потпиша договор со клубот од Кнежевството со важност до јуни 2028 година.
Филипе Луис, кој како фудбалер изгради богата кариера настапувајќи за клубови како Атлетико Мадрид, Челси и Фламенго, сега ќе има можност за првпат да предводи европски клуб како главен тренер.
Претходно Бразилецот беше хит во Јужна Америка и го водеше Фламенго до големи успеси.
