• Горан Упале
Управата на второлигашот Борец 1919 и шефот на стручниот штаб Љупчо Димитковски спогодбено се договорија за прекин на соработката.
„Борец 1919 му се заблагодарува на Димитковски за досегашниот ангажман и му посакува успех во понатамошните тренерски води“, велат од редовите на велешани.
Борец експресно реагираше и веќе ја пронајде замената на Димитковски. Нов предводник на второлигашот е Даниел Стојановски. Се работи за млад и перспективен стратег кој во својата кариера работеше како тренер во Слога Виница, Велешта, ГФК Куманово, Воска Охрид, а и како помошник тренер во Пелистер.
Борец по три одиграни кола во ВМФЛ сè уште е без освоен бод, што значи дека пред Стојановски претстои сериозен предизвик.