Тренерот што доби експрес-отказ во Челзи се враќа на работа во Франција

Англичанецот Лиам Розениор наскоро би можел да добие нов тренерски предизвик во кариерата. Тој остана без ангажман по експресниот отказ во Челзи, но сега е пред потпис со француски прволигаш кој има големи амбиции. 

Се работи за клубот Париз ФЦ, кој зад себе има долга традиција и голема армија навивачи, а во клубот го гледаат Розениор како одлично решение за клупата. 

Француските медиуми пишуваат дека на масата стои двегодишен договор, а официјалната промоција ќе се случи откако ќе се „испеглаат“ сите финансиски детали. Како еден од главните „адути“ се споменува претходното искуство на тренерот во француското првенство. 

Розениор ја започна тренерската кариера во Дерби Каунти, а потоа ги предводеше Хал Сити, Стразбур и Челзи.