• Сашо Поповски
Македонскиот прволигаш Академија Пандев во првото коло од квалификациите за Лига Европа ќе се соочи со босански Зрињски.
Шефот на стручниот штаб на противникот на „пандевци“, Хари Вукас, е голем оптимист дека неговите фудбалери ќе играат во второто коло против Утрехт.
„Одигравме одличен меч против Мура. Повеќето работи во нашиот тим се позитивни, отколку негативни.
Уверени сме дека ќе одиграме добро против Академија Пандев и дека ќе се пласираме во второто квалификациско коло. Собравме доста информации за нашиот противник. Се работи за млада екипа, која е доста амбициозна, и која со игрите минатата сезона покажа дека цели високо. Имаат микс на млади репрезентативци на Македонија и искусни фудбалери. Доста се организирани, но ние имаме начин како да ги прескокнеме“, вели хрватскиот стручњак.
Првиот меч меѓу Академија Пандев и Зрињски е закажан на 11 јули во 19:00 часот во Скопје.