Тренерот на Валенсија го испофали Столе, иако не му дава минути: Од голема помош ми е...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно бранеше за Валенсија по осум месеци пауза. Кумановецот доби шанса во Копа дел реј на гости кај Маресена, а „лилјаците“ славеа со 0-5. 

По натпреварот коментар за настапот на македонскиот голман имаше од страна на тренерот Карлос Корберан по прашање на новинарите.

„Имам само позитивни коментари за настапот на Столе Димитриевски за Валенсија и начинот на кој го контролираше натпреварот. Видов дека презема иницијатива, ги поддржува помладите соиграчи. Морам да признаам дека Столе ми е од голема помош во соблекувалната, а задоволен сум и од неговиот настап против Марекена“, изјави тренерот Корберан.

Столе Димитриевски не е стандарден и нема минутажа веќе повеќе од една сезона по доаѓањето во Валенсија. Иако се очекуваше со заминувањето на Ѓиорѓи Мамардашвили да се отвори простор, сепак клубот доведе нов голман за конкуренција.