Тренерот на Шериф: Среќен сум што уништивме нечив совршен свет...

Фудбалерите на Шериф ја приредија една од најголемите сензации во поновата историја на Лигата на шампионите, откако на славниот „Сантијаго Бернабеу“ извојуваа херојска победа над трофејниот Реал Мадрид (1-2).

Многумина без изненадени од фактот дека тим од Молдавија ќе биде дел од европската елита, а еден меѓу нив кој јавно го кажа тоа беше Дирк Кајт.

„Знам дека Лигата на шампионите е натпреварување за шампиони, а тимови како Шериф нема што да бараат таму“, рече поранешниот холандски напаѓач.

Овие зборови ги коментираше тренерот на Шериф по историскиот триумф во Мадрид.

„Познатиот фудбалер Дирк Кајт рече дека нема место за Шериф во Лигата на шампионите. Среќен сум што го уништивме неговиот совршен свет“, изјави Јуриј Вернидуба.

Победата над Реал Мадрид беше втора за Шериф во Лигата на шампионите, откако во првото коло на колена остана и украински Шахтјор.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Yuri Vernydub

    4-4-2