Тренерот на Селтик е обвинет за „лажен сексизам“

Тренерот на тимот на Селтик, Брендан Роџерс, се најде на удар на јавноста по изјавата што ја даде за шкотски „Би-Би-Си“.

Менаџерот на тимот од Глазгов на крајот од интервјуто и кажа на репортерката „добра девојка“, што наиде на обвинувања од јавноста, а организацијата „Fro Women Scotland“ го обвини Роџерс за „лажен сексизам“.

Роџерс не ѝ одговори на новинарката на прашањето да ја објасни трката за титулата. Кога му го поставила тоа прашање, Роџерс одговорил со незадоволство.

„Не, не, знаеш точно на што мислам“.

Кога новинарката повторно го поставила истото прашање, Роџерс го завршил интервјуто и рекол.

„Готово, добра девојка, браво“.

Новинарката Џејн Луис не се смета себеси за загрозена по оваа изјава на тренерот на Селтик.