Тренерот на Реал Сосиедад: Блескам од среќа, ова е огромен успех за нас!

Тренерот на Реал Сосиедад, Пелегрино Матарацо, не ја криеше својата радост по победата над Атлетико Мадрид во финалето од Купот на кралот, каде неговиот тим славеше по подобро изведување пенали (3-4). 

Баскискиот тим се закити со вториот најважен трофеј во Шпанија, а тренерот Матарацо беше презадоволен од овој огромен успех. 

„Блескам од среќа. Ми требаше време за да сфатам што се случи, но ова е само почеток. Покажавме сериозен карактер и не му дозволивме на Атлетико да ја наметне својата игра. Сакавме да го освоиме трофејот и пресреќен сум што успеавме во нашите намери. Огромен успех за нас“, изјави Матарацо. 

Реал Сосиедад со освоениот трофеј си обезбеди излез во евро-куповите, а во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата во Примера