ВИДЕО: Тренерот на Раднички ПОЛУДЕ и со сочни пцовки „удри“ по портпаролот и еден навивач

Лалатовиќ

Прес-конференција по мечот помеѓу Раднички Ниш и Напредак се претвори во тотален хаос, кога еден од навивачите со пцовки го испровоцира гостинскиот тренер, Ненад Лалатовиќ.

Тој е поранешен предвовдник на клубот од Крушевац, кој за време на денешната средба беше мета на навреди и погрдни зборови од трибините. На тоа, 40-годишниот Лалатовиќ одговори со среден прст на крајот од мечот, кој заврши во полза на неговиот тим.

Токму портпаролот на домашната екипа му постави прашање за тој гест, што предизвика негова бурна реакција, на која се надоврза уште еден присутен во салата, кој според зборовите на гостинскиот тренер е еден од навивачите кои го навредувале.

Раднички одигра одлична полусезона во шампионатот на Србија и се најде на второто место, веднаш зад лидерот Црвена Звезда.