Тренерот на Пјуник: Само триумф нè води понатаму, но Шкупи е одличен ривал

Кога последен пат гостуваше во Скопје, Пјуник го елиминира фаворитот Вардар и навраќање во Скопје и на нашиот најголем стадион буди пријатни спомени кај ерменскиот вицешампион. Сепак, многу помалку насмевки носи резултатот од првиот натпревар од квалификациите на Лига Европа против нашиот Шкупи.

По развојот на настаните финалните 3-3 од Ереван се одлична залиха за Пјуник, посебно што до 80. минута чаирчани водеа со 1-3.

На денешната прес-конференција тренерот на Пјуник, Александар Таркханов рече:

„Шкупи е добар тим и тоа го покажа на првиот натпревар во Ерменија. Верувам во мојата екипа, нема да биде лесно, бидејќи скоро сигурно мора да победиме за да продолжиме во следната фаза. Иако не донесовме предност, мислам дека имаме свои шанси да се радуваме“.

Натпреварот меѓу Шкупи и Пјуник утревечер од 20:30 часот ќе го води Украинецот Романов.