Тренерот на Пјуник: Останав мирен кога го примивме првиот гол од Шкупи

Екипата на Пјуник продолжи да биде кошмар за македонските екипи во Европа. Ерменскиот тим славеше над Шкупи во Скопје (1-2) и продолжи во наредната рунда од Лигата на Европа, податок кој го радува тренерот Александар Тарканов.

Предводникот на ерменскиот прволигаш вели дека е среќен што неговиот тим оди понатаму, затоа што против себе имале доста квалитетен тим.

„Бев мирен кога го примивме првиот гол, за разлика од Ерменија кога бев многу понервозен. Секогаш е убаво кога се игра натпревар пред добра атмосфера. Задоволни сме што победивме и што патуваме во наредната фаза. Разликата меѓу ерменските и македонските клубови е што ерменската лига можеби е малку подобра. Ако го споредиме Шкупи со друг македонски тим, можам да кажам дека се работи за доста добра екипа, можеби една од најдобрите во земјата“, изјави Тарканов.

Пјуник во наредната рунда на Лигата на Европа ќе се соочи со чешки Јаблонец.