ВИДЕО: Луческу го внесе повредениот капитен само да биде дел од славјето на ПАОК!

ПАОК од Солун е дефинитивно посебен клуб и не само заради лудото славје на првата грчка титула по 34-годишна пауза и доминација на трите атински клубови. Имено, во 90. минута од натпреварот кој математички ја донесе титулата, се случи ретко виден момент.

Разван Луческу, шампионскиот тренер на ПАОК, го внесе во игра првиот клупски капитен, Португалецот Виериња, иако неколку дена претходно ги слика лигаментите од коленото. Романскиот тренер сакаше да му даде неколку минути пред солунската публика на еден од милениците.

Виериња не можеше да ги сокрие солзите, а фановите со минути го пееја неговото име.

  • Реакцијата на Виериња по влегувањето во игра:

ПАОК го совлада Левадијакос со 5-0 и стана првак на Грција на својата „Тумба“.