Тренерот на Пафос: Испишавме историја, сега е време да уживаме во елитата!

Тренерот на кипарскиот Пафос, Хуан Карлос Карседо, го најави дебитантскиот настап на неговиот тим во Лигата на шампионите и ги изнесе своите очекувања од гостувањето кај Олимпијакос. 

Кипарците ќе пристигнат на „домашен терен“ во Атина, но ќе се соочат со пеколна атмосфера која не го плаши гостинскиот тренер. 

„Испишавме историја за Пафос и за кипарскиот фудбал. Сега е време да уживаме во елитата, но и да освојуваме бодови. Кога се најдовме во ова друштво, сфативме дека сме сториле нешто големо, но сега е време да го подобриме уште повеќе тој успех. 

Нашите навивачи се во транс, а ние се подготвуваме со максимален интензитет. Ако ги освоиме првите бодови на деби-натпреварот, тоа ќе биде фантастично за нас, ќе докажеме дека не случајно сме тука.

Во Атина секогаш има пеколна атмосфера, но таа воопшто не претставува проблем за нас“, рече Карседо. 

Натпреварот помеѓу Олимпијакос и Пафос ќе се одигра на 17 септември во терминот од 18:45 часот.  

ФОТО/PHOTO: Pafos FC/facebook