Тренерот на Миовски во Џирона итно пренесен во болница поради влошено здравје

Тренерот на Џирона, Мичел, бил итно пренесен во болница поради влошена здравствена состојба, јавија шпанските медиуми. 

Предводникот на тимот во кој настапува нашиот Бојан Миовски е надвор од животна опасност, но лекарскиот тим го држи под постојан надзор и се труди да ја стабилизира неговата ситуација. 

„Тренерот Мичел има соодветна медицинска грижа и неговата состојба е стабилна. Нема простор за паника и за вознемиреност, но не смееме да соопштиме повеќе детали“, изјавија докторите од болницата во Џирона. 

Сигурно е дека Мичел нема да го води тимот на следниот натпревар против Виљареал, а неговите обврски ќе ги преземе помошникот Салва Фуњез. Џирона во моментов има 38 бода и уште го нема математички обезбедено опстанокот во Примера