Тренерот на Миовски: Играч како него нема ниту во ПЛ, ќе ја заврши сезоната со триесет гола

Новиот предводник на Абердин, Нил Ворнок, е презадоволен од квалитетите на македонскиот фудбалер Бојан Миовски. Репрезентативецот го даде и првиот гол во ерата на новиот менаџер, врзувајќи голови против гигантите Селтик и Глазгов Ренџерс.

По натпреварот, Ворнок со суперлативи зборуваше за штипјанецот. Тој нагласи дека играчите како Миовски се навистина ретки, а посочи дека ќе продолжат да го „хранат“ со топки за да дојде до 30 гола сезонава.

„Му кажав на Миовски: „Не сум видел играч како тебе ниту во Премиер лигата, не само во Шкотска“. Мило ми е што ниту еден друг клуб не го купи Бојан зимава. Клубот ќе добие многу пари од неговиот трансфер. 

Типувам дека ќе постигне триесет гола оваа сезона, му го кажав тоа по завршувањето на мечот. Тој ќе постигне уште десет погодоци, бидејќи ќе креираме многу повеќе шанси за него кога ќе врземе континуитет како тим. Сигурен сум дека ќе креираме шанси за него“, изјави Ворнок.

Миовски игра сезона од соништата, веќе е на бројката од 20 гола во тековната сезона, а има уште неколку месеци за игра. Абердин оваа зима ги одби налетите и го задржа Македонецот во своите редови, ама нема сомнеж дека налето сериозно ќе профитира бидејќи интересот ќе биде уште поголем, а понудите повисоки.