Тренерот на Јагјелонија: Не покажувам непочит кон Шкендија, тие „изгинаа“ на терен!

Јагјелонија со гол во стотата минута извлече реми против Шкендија (1-1) во натпреварот од третата рунда на Конференциската лига на УЕФА. Полскиот гостин беше во подредена улога и ремито за нив треба да е позитивно. По натпреварот на средбата со новинарите свој коментар за натпреварот даде тренерот Адриан Симинец, кој кажа:

„Првично честитки за играта до Шкендија. Би сакал да кажам дека ова не беше вистинскиот наш лик, не се подготвувавме за да изгледаме вака. Ривалот беше ангажиран дури и по голот. Во првиот дел бевме доста слаби, а слабо влеговме и во второто. Потоа беше тешко да држиме темпо, додека кај нив дефанзивата беше одлична. Не создававме шанси, едноставно немавме контрола и не игравме добро против добро поставената дефанзива. Еден бод е позитивен за нас по сè што се случи, иако очекувам подобра игра. Комплетно ја преземам одговорноста на себе за изборите кои ги направив.

Со самиот резултат, ако беше во други услови ќе бев среќен. Не е дека сум разочаран, тоа ќе беше непочитување кон Шкендија, но разочаран сум кон нашата игра. Со оглед на тоа што игравме на гостински терен, не сум пресреќен, но резултатот е прифатлив“.

Шкендија во следното коло ѝ гостува на Дрита во натпревар кој можеби ќе решава за пласман во нокаут фазата.