• Горан Упале
Екипите на Хартс и Селтик славеа победи во рамките од 37. коло во шкотската Премиер лига, што значи дека титулата ќе биде решена во нивниот меѓусебен дуел во последното коло. Хартс победи убедливо, додека Селтик ја обезбеди победата со сомнителен пенал во деветтата минута од судиското продолжение, предизвикувајќи жестоки реакции кај противникот.
Хартс удобно го победи Фалкирк со 3-0 на домашен терен. Во меѓувреме, Селтик гостуваше кај Мадервел во натпревар полн со пресврти. Во самиот финиш се влезе со 2-2, и се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник. Сепак, во петтата од шесте минути од судиското продолжение, беше досуден контроверзен пенал за гостите, а Келечи Ихеаначо стрелаше за конечни 3-2 во деветтата минута од судиското продолжение.
Тренерот на Хартс, Дерек Макинис беше огорчен од начинот на кај гигантот од Глазгов стигна до трите бода.
„Одвратно. Се чини дека сите заговаваат против нас и се обидуваат да нè спречат да освоиме титула. Не мислам дека беше пенал и многу сум разочаран“, кажа Мекинс.
Дуелот кој што ќе го одлучи шампионот на Шкотска се игра во сабота, со почеток од 13:30 часот, а домаќин ќе биде тимот на Селтик.


