Тренерот на голмани на БиХ се најде во протокол за мечот со Полска

Интересна случка беше забележана во натпреварот меѓу Полска и Босна и Херцеговина во Вроцлав, во рамките на Лигата на нациите. 

Селекторот на БиХ, Бајевиќ беше приморан во протоколот за натпреварот да го вкрсти тренерот на голмани, Горан Брашниќ кој има 47 години и веќе една деценија не застанал меѓу стативите. 

Оваа балканска селекција имаше проблеми со повредите и тоа меѓу голманите, па од комбинација изостанаа Беговиќ и Буриќ, а бидејќи УЕФА налага дека во протоколот мора да има тројца голмани, селекторот реши само формално да го вкрсти Брашниќ.Јасно беше дека поранешниот чувар на мрежата нема да добие шанса за настап, туку само ја пополнуваше бараната бројка од европската куќа на фудбалот.