Тренерот на Галатасарај: Покажавме дека сме најдобри во Турција!

Тренерот на турскиот гигант Галатасарај, Окан Бурук, за медиумите изјави дека неговиот тим потполно ги заслужил трофеите и само ја чека заверката на двојната круна сезонава. 

Галата долго беше прв на табелата, па иако имаше силна конкуренција во тимот на Фенербахче, сепак, скоро сигурно ќе ги освои двата најважни трофеи. 

„Зад нас е една неверојатна сезона. Мислам дека успеавме да ги зацртаме целите и донесовме огромна радост за армијата навивачи на Галатасарај.

Долго се боревме, но покажавме дека сме најдобар тим во Турција. Посакувам секој тренер да го доживее ова што јас го доживеав годинава“, изјави Бурук. 

На Галатасарај му е потребна само уште една победа за да ја осигура 24. шампионска титула, а воедно го освои и деветнаесеттиот Куп во својата историја.