Тренерот на Фулам се скарал со управата и се заканил со напуштање на тимот!

Англиските медиуми пишуваат дека тренерот на Фулам, Марко Силва, драстично ги нарушил односите со управата, а во јавноста се шпекулира дека би можел да го напушти клубот и да се пресели во поголем клуб.

Напнатата атмосфера во клубот, како и неколку контроверзни одлуки околу трансферите и составот на тимот, ја зголемија неизвесноста околу иднината на Силва, кој според медиумите, влегол во жестока расправија со клупската управа. 

И покрај тоа, Силва продолжува да работи со тимот се обидува да ги стабилизира резултатите на Фулам во Премиер лигата. Забележа две победи на последните два натпревари, но се претпоставува дека неговиот мандат на клупата би можел да заврши порано од очекуваното. 

Во следните денови се очекуваат повеќе информации, но ако управата не го „омекне“ односот кон Силва, многу е веројатно дека тој ќе замине пред завршетокот на сезоната.