Тренерот на Фламенго е позитивен на коронавирус!

Хесус

Екипата на Фалменго потврди дека првиот тренер Жорж Жесус е позитивен на коронавирусот.

65-годишникот направи тест овој понеделник и доби лоши вести од докторите. Веднаш по него, сите останати членови на бразилскиот гигант направија тестови и ги очекуваат резултатите од истите.

Медицинскиот тим веднаш го стави Португалецот во изолација и прави што може да го сочува неговото здравје во оваа криза. Самиот Жесус пред неколку дена апелираше до владата во Бразил да се суспендираат фудбалските активности. 

  • Пораката на Жесус до навивачите: 

„Добро сум, се чувствувам нормално, исто како вчера, пред една недела, пред една година. Убеден сум дека ќе ја победам оваа битка и за една до две недели ќе се вратам на тренинзите“, порача Португалецот. 

Искусниот стратег застана на кормилото на Фламенго минатата година. Досега запишано 32 победи на 43 натпревари. Пред да дојде во Бразил, Хесус ги водеше Брага, Бенфика и Спортинг Лисабон.