• Зоран Мишевски
Тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал, поднесе неочекувана оставка веднаш по завршувањето на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Рома.
И покрај тоа што дербито во Истанбул заврши со нерешен резултат 1-1, што претседателот на клубот, Али Јилдирим, го оцени како добар исход со реални шанси за пласман во следната фаза, Картал се одлучи на овој шокантен чекор. Оставката доаѓа во период на силни притисоци и критики од дел од јавноста кон клубот.
Раководството на Фенербахче експресно ја одби оставката на Исмаил Картал, потенцирајќи дека тој останува на својата функција. Претседателот на клубот излезе со остра реакција во одбрана на тренерот и стручниот штаб веднаш по драматичната прес-конференција.
„Тој не може да замине додека јас не си заминам“, рече Јилдирим и јасно стави до знаење дека Картал ја има неговата целосна поддршка.
Претседателот откри дека емотивната одлука на Картал следувала по инцидент на трибините. Навивачите фрлиле пластично шише со вода кое го погодило тренерот во главата, по што тој под силен притисок и револт решил да си замине.







