ВИДЕО: Тренерот на Аталанта обвинет за физички напад, ризикува драконска казна

Тренерот на Аталанта, Џанјперо Гасперини се соочува со ригорозна казна, откако физички го нападна секретарот на Сампдорија, Јенка, во моментите кога го напуштија тревникот на „Луиџи Ферарис“ по победата од 1-2 против домашната екипа.

Гасперини на излегување од тревнатиот дел, на влезот во тунелот, силно го оттурна во лицето секретарот на Сампдорија, кој падна на земја и потребна му беше помош да се подигне.

Фотографии и аматерска снимка го уловија немилиот настан и веќе е поведена постапка против Гасперини, кој ризикува драконска казна.

Погледнете го инцидентот:   

Гасперини во минатото со успех говодеше градскиот ривал на Сампдорија, Џенова.