Тренерот на Динамо: ВАР е обично ср**е и циркус кој треба да се укине!

Хрватска тагува пропуштена шанса за голема, историска победа на Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Да биде уште поболно, Шахтјор израмни на 3-3 во 97. минута со гол од пенал кој е крајно дискутабилен и досуден е по прегледување на ВАР-снимката.

Голманот Пјатов беше срушен во казнениот простор, а Тете го реализира пеналот за реми (3-3). 

  • ВАР-пеналот за Шахтјор Доњецк во 97. минута: 

Тренерот Ненад Бјелица беше разочаран и искажа тешки зборови за интерпретацијата на одлуките кои се носат со ВАР-технологијата. 

„ВАР е обично ср**е, што се однесува до мене и не мора да го има. Постојано некоја интерпретација - имаше ли, немаше контакт. ВАР стана циркус во Англија и Италија, веќе многу тренери се бунат. Јас сум апсолутно против ВАР-системот. Тој го убива фудбалот, ги убива емоциите. Пак ќе ви кажам, ВАР е циркус, тоа го мислев и кога работев во Полска. Веќе во Англија размисливаат да го укинат“, лут беше Бјелица. 

Динамо Загреб беше пред победа која мнoгу веројатно ќе го одведеше во осминафиналето на Лигата на шампионите, а сега со реми и тоа реми кое носи полош меѓусебен скор со Шахтјор Доњецк (на првиот натпревар во Украина беше 1-1), „модрите“ не зависат сами од себе за пласман во нокаут фазата.