Тренерот на Алиоски кога ќе загуби меч лежи гол на маса половина час и молчи

Биелса

Екипата на Лидс Јунајтед, каде што настапува Езџан Алиоски, води голема борба да се врати во Премиер лигата. Моментално стои на втората позиција со ист број бодови како и Фулам.

Последниот период носи лоши резултати за тимот на Марсело Биелса. Популарниот „лудак“ е познат по својот непредвидлив карактер, а сега во јавноста беше откриена анегдота од неговото однесување кога ќе загуби натпревар. Истата ја сподели чилеанскиот репрезентативец Хозе Педро Фуензалида.

„Кога загубивме натпревар против Италија, тој дивјачки одеше во соблекувална и ја соблекуваше својата облека. Потоа лежеше на масата за масажа половина час и молчеше“, изјави 34-годишниот фудбалер.

Аргентинецот ја предводеше репрезентацијата на Чиле од 2007-2011 година.