Тренерот на Алиоски - Хулигански напади? Тоа се несреќни луѓе...

Менаџерот на Лидс Јунајтед и на нашиот Езџан Алиоски смета дека последните хулигански испади во Англија за време на изминатиот викенд немаат врска со фудбалот.

Хулиганизмот беше во центарот на вниманието на натпреварите меѓу Бирмингем-Астон Вила и Арсенал-Манчестер Јунајтед. во првата ситуација сериозно беше удрен играчот на Астон Вила, Џек Грејлиш, додека со помали последици мина играчот на „црвените ѓаволи“, Крис Смолинг.

„Секаде на светот има насилни луѓе. Нивното насилство зависи од тоа колку се задоволни или пак незадоволни. Личностите кои ги видовме изминатиот викенд очигледно се полни со фрустрации, кои немаат директна врска со фудбалот, туку со нивната среќа. Колку си посреќен во животот, толку имаш помала потреба да за правиш непотребни работи“, изјави Аргентинецот.

И двајцата хулигани веднаш беа уапсени во експресен рок, а веднаш потоа им беа изречени и доживотни забрани за влез на стадионите ширум Островот, а најверојатно дополнителни ќе се соочат и со затворски казни.