Тренерот на албанска Влазнија избоден со нож во Скадар

Тренерот на албанскиот фудбалски клуб Влазнија, Ернест Џока е избоден со нож во четвртокот навечер во албанскиот град Скадар. Нападот го извршило неидентификувано лице, а деталите не се објавени во јавноста,

Џока итно е пренесен во болница, мотивот за нападот засега е непознат и ќе покаже истрагата која е во тек.

Полицијата отвори истрага за случајот, целата јавност во Албанија е шокирана и непријатно изненадена од криминалниот напад.