Тренерот на Абердин: Миовски е одличен, лично ја сакаше „деветката“!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше одличен старт за шкотски Абердин. Во деби-настапот на официјалните натпревари, постигна гол во само шест минути откако од пенал биеше во горниот дел од голот.

Тренерот на Абердин, Џим Гудвин, говореше за настапот на новата „деветка“ на екипата и имаше пофални зборови за македонскиот напаѓач.

„Миовски е новата деветка, но тоа е само број. Не ме интересира кој каков број носи на грбот на крајот од денот. Кога преговаравме со Бојан за трансфер, тој ја сакаше таа бројка. Добро е што Миовски постигна гол, тоа е што сакаме од напаѓачите. Со нас имаше само два тренинга, беше уморен на паузата, но ние сакавме да се обидеме со уште десетина минути за него. Во моментов е зад групата, но знам дека ќе влезе брзо во ритам“, изјави тренерот на шкотскиот тим.

Миовски направи трансфер во редовите на Абердин од унгарски МТК.