Тренер му „нареди“ на играчот да му ја каже вистината на судијата дека дал гол со рака!

Екипата на Карабах ги заврши настапите во Конференциската лига, откако и на реванаш-средбата загуби од фаворизираниот Олимпик Марсеј.

На свој терен азербејџанскиот тим беше поразен до 0-3, а интересен момент се случи пред крајот на првиот дел.

Имено, Ваџи ја стресе мрежата на Французите, и тоа во стилот на Марадона – со рака. Судијата не го виде тој детаљ и го призна голот, но тренерот Гурбан Гурбанов му „наредил“ на својот фудбалер да му ја каже вистината на судијата и голот беше поништен. 

Во Конференциската лига сè уште не е воведена ВАР технологијата.

Состави

Gurban Gurbanov

4-2-3-1

    Jorge Sampaoli

    4-3-3