• Саше Љолес
Македонскиот прволигаш Воска Спорт ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, овој пат под „палката“ на тренерот Сафет Ислер.
Екипата се врати на тренинзите со нова енергија и максимална мотивација за сите предизвици кои следуваат, а главна цел ќе биде секако опстанокот во елитното друштво. Фудбалерите и стручниот штаб работат на физичката подготвеност и на тактичките замисли, а наскоро се очекуваат и новите засилувања.
Првиот дел од подготовките ќе се одржи во Охрид, а потоа екипата заминува во турската Анталија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари. Воска Спорт го заврши есенскиот дел со само 12 бода и ја очекува грчевита битка за задржување на прволигашкиот статус.