Тренерите во Шпанија бараат гаранции во случај на отказ, во спротивно  - ќе штрајкуваат!

Фудбалските тренери секогаш и секаде први гинат кога „бродот тоне“, не е невообичаено да останат без работа дури и кога постигнуваат добри резултати, а оние во Шпанија се организираа да се борат за своите права во вакви ситуации.

На состанокот на 40 тренери од Примера и Сегунда договорено е раководството на највисокото натпреварување да побараат финансиски гаранции за договорените плати во случај на отказ.

На начин, на кој што во иднина правилникот на натпреварување нема да дозволи сопствениците да ангажираат и регистрираат нови шефови на стручни штабови додека претходниот не се договори со клубот за исплата на преостанатите плати.

Според сознанијата на „Марка“, меѓу присутните биле Карло Анчелоти, Диего Симеоне, Чави Хернандез... а останатите поддршката на тренерите на Реал Мадрид, Атлетико и поранешниот стратег на Барселона ја сфатиле како импулс да се „победи“ во оваа битка. Во спротивно, како што пренесува истиот шпански спортски медиум, тие се подготвени да штрајкуваат.