Тренери сексуално злоупотребувале фудбалерки, одложено цело коло во САД

Женската фудбалска лига во Соединетите Американски Држави реши да го одложи целото коло кое беше планирано овој викенд. 

Фудбалскиот свет во САД минатата недела го стресе скандал околу сексуална злоупотреба на фудбалерки од страна на тренери. Иако скандалот беше обелоденет на почетокот на неделата, сè уште ниту еден клуб не се огласи по повод оваа ситуација. 

Раководството на НВСЛ реши дека поради тоа е потребно одложување на натпреварите кои требаше да се одиграат овој викенд. Сепак, се очекува фудбал во женската прва лига да не се игра додека не се расчисти случајот. 

Ова не е прв случај на ваквов скандал во американскиот фудбал, но сега конечно челниците на лигата решија да помогнат и да го запрат сексуалното насилство.