ВИДЕО: Тренер во Англија ја шутна топката во публиката и доби црвен картон

Манаџерот на Шефилд Јунајтед, Крис Вајлдер, заработи бизарен црвен картон на синоќешниот натпревар од Чемпионшип против Саутемптон

Искусниот стратег беше исклучен поради шутирање на топка, која на крај заврши во телото на еден навивач од трибините. 

Вајлдер не беше задоволен од играта на својот тим во првото полувреме, па откако судија досуди крај тој се реши за глупав потег, по кои сигурно многу се кае. Тој со сета сила ја шутна топката, таа летна кон трибините и удри еден од постарите навивачи во првите редови на трибините. 

Вајлдер веднаш сфати што направи и отиде да се извини, но судијата Адам Херцег немаше толеранција за таков чин и му додели црвен картон. Инаку, Шефилд го загуби овој натпревар со 1-2.