Тренер со 30-годишно искуство ќе биде нов предводник на Елези и Бохум

Екипата на Бохум која во последен момент избегна испаѓање во втората лига на Германија, го назначи новиот тренер. Германецот Петер Цајдлер ќе му биде тренер на нашиот репрезентативец Елези во Бохум, а договорот меѓу двете страни е потпишан до летото 2026 година, објави клубот.

Бохум беше на работ на испаѓање во Цвајте, откако загуби со 0-3 на домашен терен во првиот бараж-натпревар против Форчун Дизелдорф, третопласираната екипа во германската втора лига. Сепак, во реваншот во Дизелдорф, Бохум ја сврте ситуацијата, се избори за продолженија со победа од 0-3 и на крајот славеше по изведувањето на пенали.

Привремениот тренер Хајко Бушер, кој беше назначен шест дена пред крајот на Бундеслигата, местото на тренерската клупа му го отстапува на 61-годишниот Зејдлер, кој својата тренерска кариера ја започна во 1984 година, а во последните шест години беше на чело на Сент Гален.