• Горан Упале

Новиот член на италијанската елита, Фросиноне соопшти дека нов тренер на тимот е Еузебио ди Франческо, поранешниот предводник на Рома. Ди Франческо потпиша договор до 30 јуни 2024 година со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.
53-годишниот италијански тренер е без работа од септември 2021 година кога доби отказ во Верона по само три првенствени натпревари. Со таа промена Ди Франческо ја продолжи лошата серија, откако пред Верона беше отпуштен и во Сампдорија и во Каљари.
Фросиноне, шампионот во Серија Б, ќе ја игра третата сезона во најсилната италијанска лига. Целта на Ди Франческо ќе биде да го задржи клубот во Серија А следната сезона, што клубот не успеа во претходните два обиди.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.