• Горан Упале
Италијанската фудбалска федерација потврди дека селекторот на младинската репрезентација, Силвио Балдини, ќе го преземе сениорскиот тим за претстојните пријателски натпревари против Грција и Луксембург во јуни.
Одлуката доаѓа откако досегашниот селектор Џенаро Гатузо и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина поднесоа оставки по елиминацијата на „азурите“ во плеј-офот за Светското првенство.
Затоа, беше потребно брзо решение за следните натпревари, па Балдини ќе ја води репрезентацијата како привремен селектор додека не се назначи траен наследник. Инаку, искусниот стратег пред неколку месеци со својот У21 тим гостуваше во Битола, каде Италија славеше со минимални 0-1 против нашите надежи.
Silvio Baldini, coach of the Under-21s, will take charge of the First Team for their matches against Luxembourg and Greece on 3 and 7 June.#Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/vpfbjbHvOJ
— Italy (@Azzurri_En) April 10, 2026
Изборот на новиот претседател на Италијанската фудбалска федерација е закажан за 22 јуни, по што ќе биде назначен новиот селектор на А тимот на Италија.
Сепак, репрезентацијата веќе има закажано натпревари на почетокот на јуни, па немаше време да се чека трајно решение. На 3 јуни, Италија ќе гостува во Луксембург, додека четири дена подоцна, на 7 јуни, ќе игра на гости против Грција.
По јунскиот собир, „аѕурите“ се враќаат на натпреварувачките обврски во септември, кога ги очекуваат натпревари во Лигата на нации. Италија е во група со Франција, Белгија и Турција, што ветува исклучително силна конкуренција.

