• Зоран Мишевски
Македонскиот тренер, Југослав Тренчовски, ги живее своите магични денови ова лето. Струмичанецот со три бода дебитираше на клупата на Олимпија Љубљана, отккао неговиот тим го совлада Алуминиј со 1-0.
Урбаниќ погоди во 93. минута и донесе победа за Олимпија и го „зачини“ првиот натпревар на македонскиот стручњак со победа. Ова беше прва радост за Олимпија оваа сезона, отккао во првите две кола запиша два порази.
Струмичанецот во Олимпија стигна по успешен развоен пат низ цел свет. Својот прв меѓународен ангажман Тренчовски го започна во Азија. Најпрво работеше со младите категории, а потоа беше промовиран во главен тренер на сениорскиот тим на овој кувајтски клуб.Шеик Расел. По престојот во Кувајт, тој кратко ја продолжи својата азиска авантура во првенството на Бангладеш. Во јуни 2025 година се сели во Словенија. Со тимот на Радомље направи вистинска сензација, наметнувајќи препознатлив стил на игра и остварувајќи одлични резултати.


