Тренчовски по историската сезона во Словенија тргнува во нов предизвик

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски зад себе остава извонредна сезона во словенечката Прва лига, откако со Радомље успеа да испише клупска историја.

Македонскиот стратег го презеде тимот оваа сезона и веднаш остави силен печат, носејќи му на Радомље најголем број освоени бодови во историјата на клубот. Под негово водство, екипата го надмина и минатосезонскиот учинок за дури десет бодови.

Особено внимание привлече со победите против значително посилни ривали. Радомље успеа да го совлада Марибор, клуб кој важи за највреден во словенечкиот фудбал, со тим чија вредност е неколкукратно поголема. Сезоната се заврши со победа над Мура.

Одличните резултати не поминаа незабележано, па интерес за Тренчовски веќе покажува и актуелниот шампион Целје. Освен од Словенија, внимателно го следат и клубови од регионот. Добрата работа на македонскиот тренер е препознаена и од словенечката јавност, па Тренчовски се наоѓа меѓу главните кандидати за признанието „Тренер на сезоната“ во домашниот шампионат.