Тренчовски: Кога те повикува Олимпија, тргнуваш и пешки од Македонија!

Македонскиот фудбалски стратег, Југослав Тренчовски, беше претставен како нов тренер на Олимпија Љубљана, каде ќе има сериозен предизвик во најсилното словенечко првенство. 

Новиот предводник на славниот клуб ја даде првата изјава откако го презема првиот тим, потенцирајќи дека ова е еден од најголемите предизвици во неговата кариера. 

„Ова е навистина голем, можеби и најголем предизвик во мојата досегашна кариера. Да работиш во најголемиот клуб од Словенија е вистина чест и задоволство. Кога Олимпија те повикува, тргнуваш ако треба и пешки од Македонија“, изјави Тренчовски. 

Раководството на Олимпија реши да го ангажира Тренчовски благодарение на одличните резултати кои ги постигна со тимот на Радомље минатата сезона, правејќи ги вистински хит во словенечкото првенство. 

Во екипата на Олимпија, Тренчовски ќе соработува и со македонскиот репрезентативец Димитар Митровски.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк. .