• Мартин Танасковски
Академија Пандев со висок пораз од Зрињски Мостар тргна во квалификациите за Лига Европа (0-3), а по дуелот, Југослав Тренчовски ја презеде вината и истакна дека можел да донесе подобри одлуки околу изборот на играчи и на формацискиот дел.
Струмичани беа непрепознатливи, а противникот сето тоа го искористи и запиша посакуван триумф. Тренчовски му честита на Зрињски за триумфот и истакна дека противникот бил доминантен во текот на целиот натпревар.
„Искрени честитки за Зрињски. Станува збор за квалитетен противни кој физички беше доминантен во текот на целиот меч. Погрешив во некои одлуки, за кои лично одговарам јас. Знам дека овој тим може повеќе. Неискуството си го стори своето. Бевме преимпресионирани во првиот настап. Го загубивме мечот со рано примениот гол, како и во средината на теренот каде противникот беше доминантен. Ова беше лошо издание за Академија Пандев. Уверен сум дека не може да повториме ваков втор натпревар. Вината за поразот паѓа на мене. Но, во овој момент, Зрињски е далеку поквалитетен тим од нас. На ревашот ќе се обидеме да ја вратиме психолошката стабилност. Имавме големи очекувања, според лицата на нашите играчи, во соблекувалната имаше не премногу добра атмосфера“, изјави Тренчовски.
Реваншот меѓу Зрињски Мостар и Академија Пандев ќе се игра за седум дена во БиХ.