Тренчовски: Чубраковиќ правеше чуда, го победивме најдобриот тим во Македонија

Академија Пандев уште на самиот старт на новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), забележа херојска победа и ги запиша првите три бода на своето конто. 

Во Струмица падна шампионот Шкендија со минимални 1-0, а стратегот  Југослав Тренчовски не го криеше своето задоволство велејќи дека неговите избраници го победија најдобриот тим во Македонија. 

„Го победивме најдобриот тим во Македонија. Имавме среќа, Шкендија имаше многу, многу шанси, а ние на голот го имавме и чудесниот Чубраковиќ. Знаевме преку Сашко Пандев да постигнеме гол и затоа победивме. Морам да напоменам дека имавме големи проблеми со составот, не можев да сметам на неколкумина стандардни првотимци. А секако на крај да кажам дека бевме и паметни, мудри“, истакна стратегот на „пандевци“ Југослав Тренчовски.

Во второто коло Академија Пандев ќе се сретне со тимот на Македонија Ѓорче Петров, кој денес направи изненадување во Скопје и како гостин славеше над вицешампионот Вардар. 
 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4