Требаше да го засили Баерн Минхен, а на крај постигна договор со Ајнтрахт

Анте Ребиќ потпис

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ одигра одлично на Мундијалот во Русија и се очекуваше да направи голем трансфер ова лето.

Најчесто споменувана екипа која се поврзуваше со неговото име беше германскиот шампион Баерн Минхен. Сепак, Нико Ковач одлучи да не го направи овој чекор, па на Хрватот му остана да размислува за својата иднина во Ајнтрахт Франкфурт.

Германскиот клуб стави крај на шпекулациите и му понуди нов договор до 2022 година, што донесе негово целосно откупување од Фиорентина.

24-годишниот Ребиќ беше дел од италијанската екипа од 2013 година, а минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во бундеслигашот.